Ќе им подадам рака за соработка на тие кои излегоа од Алтернатива, заедно да почнеме ново политичко патување, вели Реџепи.
Независниот пратеник и поранешен функционер на Алтрнатива Скендер Реџепи најви дека ќе формира нова политичка партија. Одлуката политичкото дејствување да го продолжи преку нов политички субјект, според Реџепи, е поради незадоволството во Алтернатива бидејќи како партија не му дале можност за промена во партијата и дека не се гледа себеси како дел од некој друг активен политички субјект.
По најавата на Реџепи, во албанскиот политички блок ќе дејствуваат најмалку осум партии и тоа: ДУИ, Алијанса за Албанците и ДПА, кои се во Владата, Европска демократска партија на Аријанит Хоџа, која го поддржува европскиот фронт и Беса, Алтернатива, Демократско движење и партијата на Реџепи како опозициски блок.
Тој во интервју за ТВ21 вели дека средбите со граѓаните му потврдиле дека има поддршка за нова партија.
– Бидејќи не се гледам себеси кај ниту еден политички субјект, бидејќи верував дека во Алтернатива треба да работам, бидејќи моето излегување потврди дека промената мора да се направи, но кога видов дека тоа не може да се случи, така да веројатно ќе почнам ново политичко патување заедно со структурите кои ги имаме. Ќе им подадам рака за соработка на тие кои излегоа од Алтернатива, заедно да почнеме ново политичко патување, вели Реџепи.
Тој потвдува дека има ногу партии на Албанците, но додава дека на следните избори тие ќе бидат поделени на два блока, алудирајќи на Европскиот фронт и опозицискиот блок.
Според него, очекувана е соработката меѓу Беса и Алтернатива, но вел дека е изненаден од Демократското движење на Изет Меџити.
–Тоа што негативно ме изненади е што Демократското движење, политички субјект кој е во фаза на основање, кој се уште нема структури, ниту ограноци и подограноци, се обединува со Алтернатива и со Беса, а можеше многу лесно да земе незадоволни активисти од двете партии, вели Реџепи.