Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице на возраст од 47 години, за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје.

– Осомничениот на 27 март 2021 година, во својот дом во Скопје, неовластено држел огнено оружје и муниција кои им се забранети на граѓаните. При извршен претрес, службените лица пронашле една полуавтоматска пушка со бајонет со дрвен кундак, една ловна пушка пумпарица марка „FABARM”, една рамка со 30 куршуми и осум ловни патрони калибар 12 мм, информираат од скопското обвинителство.

Во насока на непречено овдивање на кривичната постапка, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​