Како што соопшти Јавното обвинителство, на 24 април, 21-годишниот скопјанец се обидел да замине за Истанбул со лет од Меѓународниот аеродром – Скопје, употребувајќи фалсификуван сертификат за негативен ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот.
-Скопјанецот иако знаел дека не се тестирал во наведената лабораторија и оти таков сертификат не е издаден на негово име, осомничениот пред аеродромските службеници ја прикажал лажната исправа како вистинска, соопшти Обвинителството.