Загаденоста на воздухот ги надминува дозволените граници и алармира дека пред нас е долга зима во која повторно ќе се занимаваме со старите проблеми со загадувањето.

Имено и вчера вечер е забележано големо ниво на суспендирани ПМ 10 честички во воздухот, а на мерната  станица 11 Октомври се измерени дури 188 микрограми.

Максимално дозволена концентрација на ПМ 10 во воздухот е 50 микрограми на метар кубен.