Веста ја објави телевизија Сител која тврди дека е потврдена од надлежните.
Ученичка од петто одделение од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ вчера добила позитивен тест на ковид-19. Поради тоа во двонеделна изолација ќе оди целиот клас од одделението. Веќе е направена епидемиолошка анкета со останатите ученици.Според одлуката која ја добило училиштето доколку некое од соучениците е прележано или вакцинирано ќе може да доаѓа на настава, вакцинирана е наставничката која им предавала така што таа ќе продолжи да оди на работа и ќе им предава на учениците онлајн.
Во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ две деца од 9 одделение од исто одделение вчера пројавиле симптоми на ковид -19. Директорот на училиштето ја потврдил веста.
Едното од децата веќе има добиено позитивен тест и неговите соученици ќе одат во изолација, а за второто дете сѐ уште се чекаат резултати од тестирањата.
Според информацијата има случаи на ученици со симптоми на ковид-19 во едно стручно средно училиште во Скопје, но информацијата е непотврдена.