Последниот протест беше екстремно насилен и беа повредени седум полицајци. Приведени беа осум лица, од кои тројца веќе ја признаа вината.
Нередите започнаа откако полицијата го постави кордонот на Бит Пазар, а толпата беше спречена да стигне до судовите.
Овој пат организаторирите најавуваат дека ќе направат обид за протест пред Владата. Собирот ќе почне во 13 и 30 часот од паркот во Чаир, а ќе продолжи кон Владата, при што ќе бидат затворени неколку улици.
Затворени за сообраќај ќе бидат улиците: Христијан Тодоровски Карпош, Џон Кенеди, Цветан Димов, Крсте Мисирков и бул.Гоце Делчев.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.