Според податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот, IQAir, Скопје утрово е најзагаден град во Европа, а шести во светот.
На листата на најзагадени градови предничи Делхи, по што следуваат Лахор, Каиро, Мумбаи, Ташкент, Скопје, Калкута, Багдад, Атина и Катманду.
Високите вредности на загадувањето, според експертите, имаат сериозен ефект на здравјето на граѓаните, особено во зимските месеци кога се зголемува употребата на горива и грејни тела.