Скопје од 6 до 11 декември ќе биде домаќин на Европскиот шампионат во брз и блиц шах, објави Европската шаховска федерација.

Европското првенство во брз шах ќе биде прво на распоредот и ќе се одржи на 7 и 8 декември, по што на програмата следуваат Европскиот блиц шаховски шампионат, на 9 декември и следниот ден Европскиот Фишер шаховск шампиона.

Вкупниот награден фонд изнесува 47.000 евра, а шаховските партии ќе се играат во скопскиот хотел „Континентал“.