Градоначалниците на Кисела Вода, Бутел и Аеродром денеска положија цвеќе пред споменикот на загинатите во катастрофалниот земјотрес што се случи во Скопје, на денешен ден 1963 година.

Илјадници животи згаснаа, цели семејства останаа без дом. Но градот не беше оставен сам – светот покажа дека човечноста постои. Скопје повторно се изгради и засекогаш остана град на солидарноста.

– Секој од нас ја носи одговорноста да го обновиме Скопје како град на радост, можности и достоинствен живот. И тоа ќе го сториме – заедно. Да не се повтори. Вечна слава на загинатите, порача градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски.

– Овој споменик не само што го чува споменот за жртвите, туку и нѐ потсетува на силата и издржливоста на нашиот град и на сите негови граѓани. Скопскиот земјотрес во 1963 година е познат како една од најголемите трагедии кои се случиле во историјата на градот, но истовремено и шанса на светот да ја покаже својата солидарност, порача градоначалникот на Бутел Дарко Костовски.