Тој го појасни својот став од едноставна причина што во изминативе неколку години Владата предводена од СДСМ, како што рече, водеше политика на агресивен притисок за зголемување на платите во економијата пред се во приватниот сектор, но и во јавниот сектор.
Славески додаде дека платите растеа со механизмот зголемување на минималната плата што повлекуваше и пораст на другите плати. Платите растеа во услови кога опаѓаше продуктивноста на трудот, продуктивноста во економијата.
– Нема тука мистерија, доколку повеќе трошите од она што произведувате со тек на време, со извесно задоцнување ќе дојдеше до ползечки раст на цените во економијата. Тоа ние економистите го предвидовме и укажувавме уште да речам 2018-тата година, 2019-тата година, појасни Славески.