Откако претходно најавија дека настанот ќе се одржи на 28 март, денеска испратија соопштение дека се повлекуваат.

-Заради влошената епидемиолошка состоба и доцнењето со техничките подготовки, Иницијативниот одбор донесе одлука за одложување на закажаниот Вонреден конгрес. – стои во нивното соопштение.

Иницијативниот одбор додава дека навремено ќе ги информира делегатите и јавноста откако ќе се утврди новиот термин.

Она што е симптоматично е тоа дека датумот за конгресот беше најавен на 10ти февруари, кога епидемиолошката слика беше иста како и денеска, па оттука останува нејасно како наеднаш се променија работите веднаш откако Мијалков заврши во притвор?

Инаку дел од оваа иницијатива се контроверзни политичари од ВМРО-ДПМНЕ, за кои се смета дека работат на оваа кауза за да не бидат дел од кривични прогони.

Предводниците на иницијативата Ивица Коневски, Филип Петровски и Борче Стамов веќе две недели се отсутни од јавноста.

Според претпоставките, оваа група немала поддршка од повеќе од 30 од вкупно над 500 делегати од претходниот состав на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, според правниците овој конгрес е незаконски и би претставувал кривично дело затоа што на опозициската партија на овие делегати мандатот веќе им е истечен.