Во градот, почнаа да се шират шпекулации дека починатиот им подлегнал на повредите по што редакцијата на Радио Лидер се обиде да добие подетални информации од МВР.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски спушташе на нашите телефонски повици по што ја побаравме портпаролката на СВР Струмица Хризантема Рендевска.

Рендевска го потврдува настанот, додавајќи дека на терен биле испратени екипи но и брза помош и јавен обвинител. На прашањето дали претепаниот е жив, портпаролката ни одговори.

-Не, знам. Ќе имаме повеќе детали утре, рече Рендевска.

Непријатна сцена во центарот на Струмица

Видеото е продолжение и не ја претставува целата вистина. Се надеваме дека во Струмица на улица нема да бидеме сведоци друг пат на ваков срамен чин.

Posted by Strumica Online on Thursday, 18 March 2021

Од МВР не соопштуваат кои се тепачите, но граѓаните на социјалните мрежи на снимката го препознаваат Сашко Салин, кој работи како обезбедување на премиерот Зоран Заев.