Словачкиот Парламент денеска одобри петмесечно скратување на четиригодишниот мандат на тековниот состав на собранието, закажувајќи нови избори за 30 септември.

Предвремените избори ќе се распишат бидејќи Владата ја загуби довербата кај Парламентот и откако неуспешни беа преговорите за формирањето нова коалиција.

Владата на премиерот Едуард Хегер го загуби мнозинството во Парламентот на гласањето во декември кога поранешната коалициска партија се приклучи на опозицијата, која ја обвини Владата дека не прави доволно за да им помогне на граѓаните погодени од поскапувањата.