Обвинителството во Охрид побара распит на претепаниот Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид. За таа цел, обвинителството во Република Македонија ќе побара од Бугарија информации за моменталната адреса на Пендиков, јавува бугарска Нова.
Пендиков беше претепан во Охрид на 19 јануари. Според обвинителството, делото е извршено од омраза. Вчера беше приведен вториот напаѓач на Пендиков, битолчанецот Б.А. Обвинителството во Охрид побара од судот привремено да му го одземе пасошот за да не може да ја напушти Македонија.
Првиот напаѓач на Пендиков, Илија Спасески, од вчера повеќе не е во притвор. Судското рочиште за него е закажано за 28 февруари.