Со молк во траење од 75 минути, свежо цвеќе и запалени свеќи, студентите во Белград и граѓани пред Амбасадата на Македонија оддадоа почит за 15-те загинати во падот на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад и за 59-те жртви кои загинаа во дискотеката во Кочани.

Студентите кои ги блокираат факултетите и бараат правда за загинатите по падот на натстрешницата во Нови Сад, во саботата ги имаа најмасовните протести во историјата на Србија.

Дипломатите од Македонија излегоа да ги поздрават насобраните студенти и граѓани.

Транспарентот „Не бевме сами, затоа што оние кои сакаат се секогаш многу повеќе“ беше истакнат пред Амбасадата.