Четири лица се обиделе со експлозив да ограбат банкомат во Бутел. Настанот се случил утринава околу три часот. Тие ја активирале експлозивната направа, но не успеале да го пробијат банкоматот. Детонацијата била силна, што ги вознемирила жителите во околните објекти.
Четворицата кои го направиле обидот не успеале да го отворат банкоматот, а со експлозијата оштетиле три возила кои биле паркирани во непосредна близина. Повредени лица нема.
„Во тек е увид од полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.