Како што соопшти МВР, непознато лице на електричен тротинет удрило во пешакот Л.Ј.(63) од Скопје, по што го напуштил местото на незгодата. Л.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.