-Откако службените лица ги вратиле парите и го предупредиле дека со тоа дејствие врши кривично дело давање поткуп, осомничениот повторно ги ставил паричните средства во документацијата и ги дал на полицајците за да не извршат преглед на возилото и полуприколката прикачена кон него. При извршен преглед на возилото, службените лица во полуприколката пронашле наркотична дрога – марихуана, во количина од 48,063 кг спакувана во две патни торби со вкупно 49 полиетиленски паковки се наведува во соопштението од Обвинителството.
Основното јавно обвинителство -Прилеп го гони за две кривични дела – давање потпкуп и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и сусптанци. Основниот суд Прилеп го прифатил предлогот на обвинителството и на осомниченото лице со Решение му е определен притвор во траење од 30 дена.