На ЕВРО 2020 ќе настапи и македонската фудбалска репрезентација. „Црвено-жолтите“ дебито на континенталните првенства ќе го имаат в недела од 18 часот против Австрија во Букурешт како дел од Ц-групата каде се сместени и репрезентациите на Холандија и на Украина.

Б-групата ја сочинуваат: Русија, Белгија, Данска и Финска.

Учесници во Е-групата се: Чешка, Хрватска, Шкотска и Англија.

Составот на Е-групата е: Шведска, Полска, Шпанија и Словачка.

Најтешка, т.н. група на „смртта“ е Ф-групата: Германија, Франција, Португалија и Унгарија.

ЕВРО 2020 ќе се игра во 11 града: Рим, Букурешт, Баку, Копенхаген, Санкт Петербург, Лондон, Амстердам, Глазгов, Севилја, Будимпешта и Минхен.

Од 24 репрезентации, во следната фаза ќе се пласираат двете првопласирани од секоја од шесте групи, како и четири третопласирани кои ќе имаат најдобар биланс.

Европското првенство ќе трае до 11 јули.