СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.М.(24) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
– На 14.04.2024 на магистралниот пат Охрид – Кичево, пријавениот со своето возило „ренџ ровер“ се обидел да удри полициски службеници кои вршеле службени дејствија и побегнал, а по кратко време на булеварот„Железничка“ предизвикал сообраќајна незгода, информира МВР.