Во Собранието за денеска е закажано продолжение на 88. седница, на чиј дневен ред меѓу другото, се и измените на законите за здруженија и за политички партии.

Во рамки на оваа седница вчера пратениците ја донесоа Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за 2022 година, а расправаа и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, како и за дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви, по скратена постапка.

Исто така, општа расправа вчера меѓу другото имаше и за Предлог законите за изменувањата на Законот за заштита на децата, на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, како и на Законот за социјалната заштита.