Николоски во однос на работата во собранието потенцираше дека пред нив имаат значајни предизвици.

-Пред се во делот на, не само носење добри закони тоа мислам дека во Македонија не е проблем туку имплементација на истите, како и на обид да се спречи легитимирање преку законодавна процедура на нелегални активности и на активности коишто се во бизнис интерес на било кого, истакна тој

Тој додаде:

-Собранието не смее да стане гласачка машина или нотаријат за некој да може слободно да продава марихуана во случајов семејството на премиерот, ниту смее да стане гласачка машина за да можат проекти кои во други услови никој не би ги потпишал од министрите да поминуваат од собранието и на тој начин да бидат прифаќани коишто во себе имаат една сериозна коруптивна црта, во исто време собранието мора да е место на компромис и на дијалог, за многу работи не можеме да се пофалиме, но има и работи за коишто можеме да се пофалиме, еве изгласувањето на изборниот законик е една таква работа кадешто во два наврати се гласаше од овој парламентарен состав, еднаш за воведување на фингерпринт апарати, втор пат за прилагодување на препораките на ОБСЕ и на ОДИХР.