По две недели, Собранието од утре продолжува редовно да функционира. Закажани се и комисии и пленарни седници.

Одлуката, телата на законодавниот дом да не заседаваат поради трагедијата во Кочани предизвика поделени реакции во јавноста. Дел од граѓаните ова го гледаа како начин за теренски активности за трагедијата. Дел критикуваа дека пратениците не си ја работат работата за којашто се платени и бегаат од одговорност.

Собранието, пак, се правдаше дека работата продолжила во други вообичаени форми, преку координации, подготовка и разгледување предлог-законите, како и состаноци на различни нивоа и со теренски активности во Кочани. Во меѓувреме, се отвори и можноста за лидерска средба.

Мицкоски и Филипче ќе седнат на иста маса заради трагедијата во Кочани!?

Извор: МРТ