Во Собранието на Република  Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Граѓанска иницијатива за распишување на референдум за одлучување на државно ниво доставена преку Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“, преку овластениот предлагач Драгана Спасевска, е единствената точка на дневниот ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно – правната комисија.

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, како што е најавено на собраниската веб страница, ќе се одржи и јавна расправа по Предлог законот за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка.