Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку ден сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Во вторник и во среда се очекува дожд првично во западниот дел од државата, а потоа и во останатите делови.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната од 10 до 17 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Како што информираат од УХМР, во вторник по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а кон крајот на денот најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во среда и во останатите делови ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Утринската температура ќе биде во пораст.