Во земјава денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на одделни места ќе има услови за локален дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 12 до 21 степен, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 31 до 39 степени.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а во попладневните часови во делови од Скопската Котлина ќе постои можност за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 20 степени, додека максималната ќе достигне 38 степени.

Од УХМР најавуваат дека и во следниот период ќе продолжи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Особено високи температури се очекуваат денеска и во текот на викендот, кога дневната температура низ целата земја ќе биде над 31 степен.

Промена на временските услови се очекува во вторник, кога ќе има нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.