Кон крајот на денот во североисточните делови ќе има локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен, а во западните делови умерен до засилен западен ветер.

Утринските температури ќе се движат од шест до 12 степени, максималната дневна температура ќе достигне до 29 степени.

Повремено зголемена облачност со локални врнежи од дожд ќе има во вторник претпладне, како и во текот на ноќта кон четврток и во четврток преку денот. Поради засилен северозападен ветер во четврток температурата ќе се намали за неколку степени.