Руски дрон погоди патнички минибус во близина на градот Чугуев во Харковскиот регион, при што едно лице го загуби животот, а седум други лица се здобија со телесни повреди. Официјалните детали за нападот ги соопшти началникот на регионалната воена администрација на Харков, Олег Синегубов, преку својот канал на социјалната мрежа Телеграм.
„Непријателот погоди минибус со дрон на автопатот во близина на селото Федоровка во Чугуевскиот округ. Едно лице загина во нападот“, напиша Синегубов.
Во нападот се повредени уште седум лица, додаде тој во својата информација. Медицинските екипи веднаш излегле на терен и им ја пружаат сета потребна здравствена помош на настраданите патници.
