Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и наместа ќе има услови за појава на слаб локален дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени, а максималната ќе достигне и до 21 степен.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Утре времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Од среда следува период на стабилно време со ниски утрински температури, наместа негативни, а дневните ќе бидат во постепен пораст.