Наставниот кадар во некои основни училишта ќе излезат на штрајк, односно нема да ја завршат учебната година ако до 1 јуни наставниците не ги добијат средствата коишто им се должат по основ на прекувремена работа, рече на денешната прес конференција претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков.
– Апелирам до сите основни училишта, до Министерството за образование, нека најдат што побрзо решение за настанатиот проблем, во спротивно учебната година во голем дел од училиштата нема да заврши, а можеби по пат на солидарност, учебната година нема да заврши во основното образование, рече првиот човек на СОНК, Јаким Неделков.
Како што информираше Неделков, иницијативата веќе е започната во училиште во Куманово.