Голем сообраќаен метеж се создаде на скопската обиколница по сообраќајна несреќа на делницата од Бутел кон Мирковци, во правец кон Тетово. Според првичните информации од терен, колоната возила достигнала околу два километри.
Застојот ги зафатил и клучките кај Стајковци, Радишани и Мирковци, каде што возилата се движеле отежнато со часови.
На возачите им се препорачува да го избегнуваат овој дел од обиколницата. Оние што патуваат кон Ѓорче Петров, Волково и Тетово може да ја разгледаат можноста за вклучување преку клучката Бутел, доколку таму сообраќајот се одвива непречено.
Засега нема потврдени официјални информации за причините за несреќата, ниту за тоа дали во неа има повредени лица.
