Во сообраќајна незгода во с. Долно Соње помеѓу две патнички возила со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со повреди се здобиле сопатничките А.Б.(22) и уште едно малолетно лице, сите од с.Св.Петка, како и возачите на двете возила Ќ.Б. и С.А., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

– На 17.07.2021 во 15.45 часот на ул.„8“ во с.Долно Соње, скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила „фолксваген голф“, и двете со скопски регистарски ознаки, едното управувано од Ќ.Б.(53) од с.Св.Петка, скопско, а другото управувано од С.А.(21) од с.Чифлик, информира МВР.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.