Советот без расправа го усвои барањето

Советот на јавните обвинители на денешната седница го усвои барањето на обвинителката Ленче Ристоска за престанок на функцијата јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје.

Претседателот на Советот, Башким Бесими, информираше дека Ристоска на 2 април годинава поднела барање за повлекување од функцијата по сопствено барање, по што Советот без расправа го констатирал престанокот.

„Нема расправа, оставката се констатира“

„Овде нема расправа, констатирам дека е усвоено барањето за престанок на функцијата на Ленче Ристоска“, изјави Бесими.

Одговарајќи на новинарско прашање за причините за оставката, Бесими нагласи дека Советот нема надлежност да ги коментира мотивите за ваквата одлука.

Советот не ги коментира причините

„Тоа е нејзина одлука. Ние само констатираме оставка. Не коментирам изјави на колешката… Во согласност со законот, има право, во секое време, секој обвинител да поднесе барање за повлекување, ние само констатираме“, изјави Бесими.