Советот на општина Гази Баба го усвои буџетот за 2022 година. Општината го доби најразвојниот буџет во својата историја.
Во буџетот се предвидени средства за изградба на нова детска градинка во Керамидница, нова училишна спортска сала во Булачани, фекална канализација за населените места Гоце Делчев, Страчинци, Јурумлери, Црешево и Смилковци. Ќе работиме на решавање на проблемот со водоснабдувањето во Брњарци, Раштак, Страчинци и дел од Булачани. Ќе продолжи изградбата на новата училишна сала во Стајковци
Предвидуваме и средства за реконструкција и рехабилитација на голем број на локални улици во Јурумлери, Трубарево, Гоце Делчев, Инџиково и сите останати населени места, како и изградба на нови детски и спортски катчиња.
Животната средина и спортот остануваат на врвот на нашите приоритети, па така во програмата за заштита на животната средина предвидуваме средства за субвенции за набавка на велосипеди, електрични тротинети, уреди за вградување на течен нафтен гас на автомобилите и субвенции за чистење на оџаците кои се воведуваат за прв пат во буџетот на општина Гази Баба, како и продолжување на субвенциите за печки на пелети и инвертер клима уреди, додека во програмата за спорт, предвидуваме средства за поддршка на локалните спортски клубови и талентирани спортисти“, вели Стефковски.