Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека Планинарска спасителна служба од 13.40 до 15.00 часот, имала спасителна акција на територија на Општина Охрид. Конкретно, извршено е извлекување на повредено лице од околината на с.Елшани (холандски турист) кое имало скршеница на нога и е предадено на екипа од Итната медицинска помош од Охрид.
Лицето е пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошен третман.