Во вечерашното гостување во емисијата „24 Отворено“ на Телевизија 24, гостуваше Лена Спасеновска регионален претставник на СОНК каде таа посочи дека покачувањето на платите од 10% не значи ништо и единствено позитивно е што е ставено на хартија.

-Не мислам дека се брза зошто два месеца преговараме на оваа тема, не добивме никаква понуда и за тоа време се покачија цените, а тие 18 000 се сретства за преживување, кажа Спасеновска.

Таа додаде дека неизбежно беше да се одлучат на ваков чекор, бидејќи секогаш кога се преговараше не добивале ништо конкретно.

-Ние со разбирање и разум понудивме 18,4% зголемување на платите. Нашето членство и ние не сме задоволни со 10% покачување на платите, сега од страна на Владата со нејзината денешна одлука тоа излегува како на сила да прифатиме зголемување на платите од 10%, рече Спасеновска.