Според него покрај тоа една партија да ја исполни својата програма победата на избори е нешто што го очекуваат нејзините поддржувачи и членови и тоа е испорачано.
-Ако зборуваме за раководењето на ВМРО-ДПМНЕ, можеме да зборуваме за два периоди до локалните избори и по нив. Локалните избори се меѓникот заради тоа што процесот на јавна легимитимација на постоечкото раководство од аспект да испорача резултати односно победа на изборите, тоа беше потврдено со убедлива победам рече тој.
Спасеновски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива победа, таа резултираше со оставка на претседателот на владата Зоран Заев и од неговото претседателско место во партијата.
– Во таа смисла можеме да заклучиме дека тој легитимитет на Христијан Мицкоски и раководството околу него е потврден и затоа не треба да се очекуваат потреси. Можноста за правење на штета во партијата е драстично намалена, рече тој.