Денес имав можност да ја посетам архивата во Собранието на Република Македонија бидејќи известувањето дека законот е повлечен јас го добив преку емаил. Но, во самото известување стои дека во прилог ќе се испрати писмото од премиерот во кое што се објаснува зошто е повлечен законот. Денес бев во архивата бидејќи од 30.06 јас навака такво писмо, такво известување писмено не добив освен она по емаил. Бев во архивата на Собранието денес за да го побарам документот кој што ние треба да го имаме, имаме право да знаеме зошто е тој закон повлечен. Дали е поради тоа што не се спремни да одржат референдум? Дали е поради тоа што треба да претрпи измени? Значи се уште ние не знае зошто е законот повлечен, истакна Драгана Спасевска координатор на иницијативата „Настава и учебници мора да има“ во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Спасевска додаде дека од власта се оправдуваат дека го испратиле по пошта документот, меѓутоа поштата се уште го нема тоа доставено.

-Јас би сакала да упатам апел и до поштите значи да обрнат внимание бидејќи тој документ е важен за иницијативата, ако е воопшто испратен. Значи јас во архива видов дека е заверен дека на 30.06 е испратен, меѓутоа од 30.06 до денес 09.07 да патуваше од странство ќе стигнеше на мојата адреса, појасни Спасевска.

Спасевска посочи дека по повлекувањето на закон сега иницијативата „Настава и учебници мора да има“ нема предмет по кој што би барала референдум. А, клучно мислење на сите родители и граѓани е тоа дека не беа спремни од власта да одржат референдум.

-Првпат во историјата во Македонија граѓанска иницијатива повикува референдум, не партиска зборувам. Значи првпат во историјата на Македонија граѓаните своеволно масовно се борат за правата на децата и за она кое што се наметнува во образовниот систем, нагласи Спасевска.