– Во Куманово требало да се заврши атентат над Никола Груевски, а во селото Четирце требало да се најде некое оружје, рече Спасовски, одговарајќи на пратеничко прашање од страна на пратеникот Мартин Костовски.
Спасовски ова го поврза со упадот на специјалците на крајот од 2016 во домот на кумановскиот началник Стојанче Величковиќ, кој беше назначен од Спасовски како тогашен технички министер за внатрешни рабопти.
– Во неговото семејство беа неоправдано потресени и никој не кажа зошто тоа е направено, наведе Спасовски.