Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека сите обиди за попречување на процесот со Бугарија, ќе завршат како оние пред членството во НАТО.

Според него, постојат многу механизми во овој дел.

„Многу механизми од т.н. хибридна војна која што се водеше и за време на почетокот на пристапното членство во НАТО, преку разно разни објави на лажни вести, на дезинформации, објави во медиуми. Сето тоа е еден комплекс на активности кои што се преземаат и во овој домен“, вели Спасовски.