„Спејс Икс“ ќе го лансира сателитот Доџ-1 на Месечината следната година, а мисијата е финансирана со доџкоин“, напиша Маск на Твитер.
На веб-страницата на канадската компанија Геометриска енергетска корпорација (ГЕЦ), која е сопственик на сателитот, е наведено дека тој ќе биде лансиран во првиот квартал од 2022 година со помош на ракетата-носач „Фалкон 9“.
Сателитот ќе го испрати компанијата со помош на комерцијална програма за лансирање свемирски летала понудена од „Спејс икс“. Вредноста не е објавена.
На почетокот на април, Маск објави на Твитер дека „Спејс икс“ буквално ќе испрати доџкоин на Месечината, но тогаш тој не објасни што точно мисли.