Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, денеска го објави списокот со повикани играчи за претстојните два натпревара против Шкотска и Словенија во рамките на Б-дивизијата од Лигата на нации.
Седлоски се одлучи за список од 26 фудбалери, меѓу кои се наоѓа напаѓачот на Шкендија, Марко Ѓорѓиевски, додека како повратници во националниот состав се запишани Дарко Чурлинов, Имран Фетаи, Стефан Деспотовски и Никола Серафимов.
На списокот на селекторот се најдоа следните фудбалери по позиции:
Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Давор Талески.
Одбрана: Никола Серафимов, Анес Мељичи, Висар Муслиу, Имран Фетаи, Езѓан Алиоски, Марио Младеновски, Себастијан Херера, Бојан Илиевски и Стефан Деспотовски.
Среден ред: Енис Барди, Бобан Николов, Јани Атанасов, Агон Елези, Елиф Елмас, Љупче Дориев, Дарко Чурлинов, Матеј Гаштаров, Димитар Митровски и Лука Станковски.
Напад: Марко Ѓорѓиевски, Елмин Растодер, Азер Омерагиќ и Христијан Малески.
Македонските репрезентативци на 13 ноември ќе гостуваат во Глазгов кај селекцијата на Шкотска, по што следува домашниот натпревар против Словенија закажан за 16 ноември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
