Социјалистичката партија на Македонија изразува крајно несогласување од одлуката на македонските претставници во мешовитата историска комисија да прифатат отворање на црковни прашања како тема на дискусија.
Во продолжение нивниот став
Оваа неразумна одлука на ова откроирано работно тело претставува потврда на ирационалноста од неговото постоење како резултат на штетниот и антимакедонски билатерален договор со источниот сосед.
Социјалистичката партија на Македонија ги потсетува македонските членови-историчари дека древната Орхридска Архиепископија има јасна и потврдена историја за нејзиното создавање, длабоко вкоренета во колективната меморија и во душата на македонскиот народ.
Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека било кое црковно прашање не смее да биде тема на дискусија на било која лаичка комисија освен во црковните теолошко хисториски кругови во православниот свет.
Социјалистичката партија на Македонија овој чин го сведува на уште една бугарска провокација, ценејќи дека овој приземен, недоличен и недостоен обид воопшто не може да го загрози статусот и постоењето на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија.
Социјалистичката партија на Македонија исклучува секаква можност за било какви компромисни решенија затоа што е повеќе од очигледно дека кај бугарската страна не постои ниту почетна искрена намера, ниту добра волја, ниту политичка и научноопштествена подготвеност за сериозен разговор, освен антимакедонските стојалишта и отвореното присвојување на македонската историја и култура, македонскиот народ и македонската држава.