Запленет накит, девизи, облека и техничка стока

Царинските служби на повеќе гранични премини во земјава успешно спречија неколку обиди за криумчарење на вредна стока, накит, девизи и техничка опрема, при што се поднесени кривични пријави против сторителите.

Богородица: Спречен обид за криумчарење – запленет сребрен накит

На граничниот премин Богородица, царински службеници открија и запленија 387 сребрени нараквици, 134 пара обетки и 759 ланчиња скриени во фабрички празнини на автомобил. Вредноста на целиот запленет накит изнесува 430.880 денари, а против сторителот е поднесена кривична пријава за криумчарење до ОЈО Гевгелија.

Дојран: Запленети 9.250 евра

На преминот Дојран, грчки државјанин се обидел да внесе 19.250 евра во земјава. Согласно Законот за девизно работење, му биле вратени 10.000 евра, додека остатокот од 9.250 евра е запленет, бидејќи не бил пријавен.

Табановце: Шверц на злато, брендирана облека и разна стока

На преминот Табановце спречени се неколку обиди за шверц:

  • Златен накит вреден 600.000 денари – странска државјанка се обидела да внесе 200 грама злато скриено во чанта. Пронајдени се круна, ланчиња со монети и нараквици. Поднесена е кривична пријава.

  • 284 парчиња облека – запленети при контрола на камион со бугарски таблички, со помош на мобилен скенер.

  • 1.500 пара чорапи со ознака „Најк“ – пронајдени во камион за транзит, а не биле опфатени со царинските документи.

  • Шверц на половна техничка опрема – струмичанец се обидел да внесе 6 велосипеди, 13 лаптопи, 2 компјутери за мотор и 30 крстачи за кардан. Стоката била скриена во торби и вреќи.

  • Козметика и женска облека – скопјанец се обидел да внесе 180 шминки, над 40 женски шорцеви и друга стока без царинска пријава.

Царинската управа апелира до граѓаните да ги почитуваат царинските и законските прописи и најавува засилени контроли на сите гранични премини со цел заштита на државниот буџет и спречување на криминал.

Во меѓувреме, откако Бобан Николовски застана на чело на Царина тие бележат значајно повисоки резултати. Погледнете го неговото гостување за Радио Лидер.

(ВИДЕО) Бобан Николовски: Царина во 2024 година наплатила 121 милион евра повеќе во однос на 2023 година

Ако ги гледаме фактите од два апсекти може да забележиме дека има енормни бројки во позитивна смисла. Имаме зголемување на се што се подразбира оперативно работење, а од друга сртана во однос на полнење на буџетот. Минатата година сме наплатиле 121 милиони евра повеќе во однос претходната 2023 година, рече директорот на Царина, Бобан Николовски за Радио Лидер.