Според членот на кризниот штаб на Афсин, Емре Кајимпаз, вакцината „спутник В“ ќе чини околу 10 американски долари, што е приближно слична на цената на дозата на кинескиот „Синовак“.

-Иако цените се слични, домашното производство ќе ја исклучи зависноста од надворешни фактори, рече Кајимпаз.

На 23 јануари рускиот фонд за директни инвестиции преку својот портпарол соопшти дека е постигнат договор со водечка турска фармацевтска компанија во врска со производството на „спутник В“ во Турција, а подоцна започна трансферот на технолошката опрема.

„Спутник V“ веќе е одобрен во 60 земји со вкупно население од над 1,5 милијарди луѓе, а повеќе од 30 земји започнаа кампањи за вакцинација користејќи ја оваа вакцина.