Србија во следните две години ќе инвестира 100 милиони евра во развој на вештачка интелигенција, а стратешката рамка за таков потфат треба да ја обезбеди новата Стратегија за развој на вештачка интелигенција до 2030 година, која ќе биде една од приоритетите на новата Влада на Србија, заедно со придружниот акционен план, соопшти денеска Национална алијанса за локален економски развој во Србија (НАЛЕД).

Целта е Србија да се рангира меѓу лидерите во регионот во таа област, беше соопштено на седницата на Алијансата за е-влада на НАЛЕД, пренесе Бета.

Според Стефан Баџа, шеф на тимот за специјални проекти во Кабинетот на премиерот на Србија, фокусот на работата на новата стратегија е да се обезбеди пофлексибилна регулатива и да се обезбедат капацитети за компаниите кои сакаат да имплементираат иновации.