Во изминатите седум дена, Србија е прва во Европа и втора земја во светот според просечниот дневен број на нови инфекции со коронавирус на милион жители, според ourworldindata.org.
Црна Гора се наоѓа на трето место, Монголија на четврто и Доминиканска Република на петто. Во првите десет земји се и Израел, Суринам, Куба, Санта Лусија и Антигва и Барбуда.
Од европските земји веднаш по Србија на списокот се наоѓа Словенија, со просек од околу 500 нови случаи на инфекции на милион жители во изминатите седум дена, а потоа следува Велика Британија.
Според бројот на смртни случаи минатата седмица, Гренада е повторно на прво место во светот со 212 смртни случаи на милион жители, а во Европа прва е Северна Македонија со 96 починати лица, што е четврто место во светот.
Во Европа, според смртноста, по Северна Македонија се Бугарија, БиХ и Косово, а Србија се наоѓа на 27. место во светот.