Веќе со месеци, официјален Киев бара од САД (ATACMS), кој ќе и овозможи на украинската армија да погоди цели далеку внатре во руската граница, пренесе Макфакс.
Американскиот претседател Џо Бајден му рекол на својот украински колега Володимир Зеленски за време на разговорите во Вашингтон дека Соединетите Американски Држави ќе испратат мал број ракети со долг дострел во Украина како форма на помош во борбата против Русија, објави американската телевизија NBC.
Сепак, нема информација кога ќе бидат испратени проектилите, ниту кога одлуката ќе биде објавена во јавноста.
„Вашингтон пост“ објави дека администрацијата на Бајден е блиску до одлука да го испрати Армискиот тактички ракетен систем (ATACMS) вооружен со касетни бомби, наместо со боева глава, во Украина.
Веќе со месеци, официјален Киев бара од САД ATACMS, кој ќе и овозможи на украинската армија да погоди цели далеку во внатрешноста на руската граница.