Разговор за безбедноста и придонесот на Македонија во Алијансата

Денеска, премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во рамки на официјалната посета на Република Македонија.

„Во духот на сојузништвото и заедничките вредности, разговаравме за актуелните безбедносни предизвици, улогата на Алијансата во зачувувањето на стабилноста и мирот, како и за придонесот на нашата држава во рамките на колективната одбрана“, истакна Мицкоски.

Премиерот ја потенцираше определбата на земјата за понатамошно јакнење на соработката со НАТО.

„Ја реафирмирав нашата цврста определба за понатамошно јакнење на соработката со НАТО и активен придонес кон регионалната и глобалната безбедност“, додаде тој.

Средбата, според Мицкоски, претставува потврда за партнерството и заемната доверба меѓу Македонија и НАТО.

„Ова е потврда за силното партнерство и нашата решеност да продолжиме да делуваме како кредибилен и одговорен сојузник во рамките на Алијансата“, нагласи премиерот.