Министерот за правда Јетон Шасивари се сретна со заменик-министерот за правда на Босна и Херцеговина, Елвир Махмузиќ. Билатералната средба се одржа на маргините на Меѓународниот самит за правда во Истанбул.
Соговорниците разговараа за реформските процеси во правосудството и за заедничките предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот. Тие ги разгледаа и можностите за продлабочување на билатералната соработка.
Шасивари и Махмузиќ ја истакнаа важноста на меѓусебното учење и размената на искуства. Според нив, тие се значаен придонес за зајакнување на институционалните капацитети и усогласување со европските стандарди во областа на правдата.
